Едукација за работнички права, мобинг и дискриминација во СОУ„Димитар Мирасчиев“ – Штип

На 6.12.2018 година, во склоп на проектот “Организирани граѓани за организирана иднина”,  е оддржана петта  едукација по ред во СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип за запознавање на младите за права пред стапување во прв работен однос.

Едукациите имаат за цел да ги запознаат младите од средните училишта за основни човекови и работнички права, мобинг и дискриминација.

Едукатор на работилницата беше м-р Викторија Кукушев, која преку видео презентација, потребни материјали и низ примери од секојдневието, ја  презентираше потребата од ваков вид на едукација.

Работилницата започна со вовед на претседателката на “Гласен Текстилец”, Кристина Ампева, која ја опиша работата на Здружението и целите на проктот.

Едукациите се осмислени за да се превенираат прекршувања кога младите ќе стапат во работен однос и основни поими од Законот за работни односи, како на пример, плата, надоместоци на плата, отказ, одмор, договори, мобинг и дискриминација.

Благодарност до СОУ„Димитар Мирасчиев” – Штип за нивната соработка и значаен придонес во остварувањето на целите од проектот, секако и до младите ученици кои земаа активно учество и покажаа интерес за темата.

Оваа едукација е дел од проектот Организирани граѓани за организирана иднина, имплементиран од Гласен Текстилец, финансиран од Олоф Палме Центар, подджан од Шведската Влада.

_______________________________________

Ставовите изразени во оваа активност им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Олоф Палме Центар.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s